Детската амбасада За сите деца во светот започнува со работа во Прилеп во 1997 година и годинава одбележува 20 години од своето постоење. Отворањето на Амбасадата тогаш е поддржано од првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров и тогашниот претседател на Собранието на Р. Македонија, Тито Петковски.
На првиот меѓународен конгрес кој се одржал на 27.11.1999 година Дамјан Стојаноски е избран за Генерален секретар на Детската амбасада За сите деца во светот.
Извршниот директор на Детска амбасада За сите деца во светот, Александра Северкоска Стојаноски, вели дека Детската амбасада во текот на овие изминати години работи на повеќе полиња на едукација на децата. Реализирани се огромен број на работилници, предавања, изложби, презентации, промоции и хуманитарни акции.
Во досегашното функционирање на Амбасадата биле вклучени 20.000 деца.
Конгресменот на Детската амбасада За сите деца во светот, Емилијан Зелнички, вели дека наградата „3-ти Ноември“ која што ја доби Детската амбасада била заслужена награда и дека таа претставувала дополнителен мотив за нивна понатамошна работа.