Јавна презентација и јавна анкета

Се организира  јавна презентација и јавна анкета по архитектонско- урбанистички проект за ГП бр.1.3 со намена Д3 – спорт и рекреација од УПВНМ за туристичко – рекреативен центар во КО Дабница, Општина Прилеп. Проектниот опфат е дефиниран со полигонална гранична линија, која се поклопува со надворешните граници на постојната градежна парцела.

Вкупната површина на новоформираната градежна парцела е 33717,79м2.

Јавната анкета и јавната презентација на архитектонско- урбанистички проект за ГП бр.1.3 со намена Д3 – спорт и рекреација од УПВНМ за туристичко – рекреативен центар во КО Дабница, Општина Прилеп, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на Општина Прилеп и на интернет страната на општината www.prilep.gov.mk. Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од 04.03.2019 до 08.03.2019г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 08.03.2019г. во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Соопштение

План