Денеска во Прилеп под покровителство на градоначалникот Илија Јованоски се одржа конститутивен состанок на координативното тело на ФЕКК (Федерацијата на европски карневалски градови)- Македонија. Претставници од
карневалските градови: Прилеп, Струмица и Кавадарци, коишто се членки на
ФЕКК го изгласаа раководствотона ФЕКК – Македонија. Тоа значи дека карневалските градови ќе имаат подобри релации со ФЕКК, ќе ја зголемат промоцијата на карневалите, а со тоа и туризмот во градовите и државата.
Претседателот на струмичкиот карневал, Александар Цицимов, којшто е член на бордот на ФЕКК – Европа е избран за почесен претседател на ФЕКК Македонија. Ѓорѓи
Пелтековски, претставник на ФЕКК од Струмица е избран за претседател на координативното тело,а негови тројца потпретседатели се: Ванчо
Ѓорѓиев, претседател на прилепското здружение “Прилепски мечкари“, Ване
Ристов-Патриков, претставник на ФЕКК од Струмица и Сања Митев,
претставник на ФЕКК од Кавадарци.
Градоначалникот Илија Јованоски го поздрави овој конститутивен состанок на ФЕКК
–Македонија се одржа токму во градот под Марковите кул
„Во пресрет на 18-тиот по ред меѓународен карневал ‘Прочка 2019’, денеска имавме чест да одржиме состанок на координативното тело на ФЕКК- Македонија. Избравме претседател и тројца потпретседатели од Прилеп, Кавадарци и Струмица, наши градови кои што членки на ФЕКК од А категорија.
Избран е и почесен претседател на оваа координативно тело. Им честитам. Општина Прилеп и здружението ’Прилепски мечкари’ и оваа година ќе се погрижат за успешен карневал, кој што воедно ќе придонесе градот да се најде на мапата на карневалски градови во светот, за негова поголема промоција и за развој на алтернативниот-карневалски туризм“, рече градоначалникот Јованоски.
Почесниот претседател Цицимов вети свој личен придонес во ова тело и работа со ентизујазам.
„Јас сум малку возбуден, бидејќи денеска моите колеги ме одбраа да бидам
почесен претседател од Македонија за ФЕКК. Освен големиот број
признанија кои ги имам добиено од ФЕКК, ова ми значи многу. Ветувам дека ќе
продолжам со овој ентузијазам, што ме држи веќе 30 години, а сега како
структурирана секција која добила повисоко ниво во интернационалниот борд ќе
ја презентираме Македонија на уште повисоко ниво“,рече Цицимов.
Ѓорѓи Пелтековски, првиот претседател на ФЕКК – Македонија вети дека ќе ја оправда довербата.
„Се заблагодарувам на градоначалникот Илија Јованоски, што ни овозможи
одржување на оваа конститутивна седница, на членовите на трите карневалски
градови во Македонија, Струмица, Кавадарци и Прилеп за изборот и се надевам дака ќе ја оправдам довербата за претставување на карневалите од Македонија во светот“, рече Пелтековски.
Раководството на ФЕКК – Македонија има задача да контактира со претседателите на сите карневалски градови и со европскиот координатор на бордот на ФЕКК, да
ги претставуваат своите барања до Министерството за култура …
Прилеп е член на ФЕКК од 2006 година.
„Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на моите колеги со кои
имавме успешна соработка изминативе години. Општина Кавадарци
располага со многу традиции и е многу богата во тој дел. Ветувам дека ќе се
грижам за поголемо претставување на нашиот град и на нашата држава, а исто
така ветувам дека ќе се обврзам за помош и поддршка на сите мои колеги кои
решивме сето ова да го направиме на едно многу повисоко ниво“, изјави Сања
Митев, потпретседател на ФЕКК – Македонија, од Општина Кавадарци.
„После неколку децении добивме организирана форма на ФЕКК Македонија. Се
радувам што Прилеп, Струмица и Кавадарци се градовите кои први ги започнаа
карневалите и први ја претставија Македонија надвор од границите со
карневалски маски и се надевам дека овој тим, што е формиран денеска ќе
придонесе за што поголема афирмација“, истакна Ване Ристов-
Патриков, потпретседател на ФЕКК – Македонија, од Општина Струмица.
„Ми претставува особена чест, бидејќи сме домаќини на првиот координативен
состанок на ФЕКК – Македонија на кој се избраа сите организациони тела, на кој
и јас сум изгласан за потпретседател на ФЕКК- Македонија и се надевам дека
ќе дадеме голем допринос и уште поуспешна соработка и понатаму“, истакна
Ванчо Ѓорѓиев, потпретседател на ФЕКК- Македонија, од Општина Прилеп.
Градот под Маркови кули стана отворен град со големи фестивалски
манифестации, што го исцртуваат на меѓународните туристички мапи. И со овој настан денеска добива уште позначајна улога во создавањето на вредности и градењето на културен туризам.