По повод 77 годишнината од смртта на народните херои Кире Гаврилоски –
Јане и Круме Волнароски, двете основни училишта од општина Прилеп кои со
гордост ги носат нивните имиња, денеска ги одбележаа своите патрон
празници.
Согласно пропишаните мерки за заштита од коронавирусот, патроните
празници беа одбелажани со кратки свечености, на кои покрај градоначалникот
Илија Јоаваноски, присуствуваа делегации од училиштата, Советот на
општината, претставници на семејствата на двајцата народните херои,
наставници и ученици.
Во чест на херојското дело на Кире Гаврилоски – Јане и Круме Волнароски,
делегациите положија свежо цвеќе пред бистите и спомен обележјата на
двајцата борци во Прилеп и во населеното место Тополчани.
На 9 мај 1944 година, откако претходно биле предадени, Кире Гаврилоски-Јане
и Круме Волнароски загинуваат во жестока битка со бугарските војници и
полицајци, кои ја опколиле куката во која се наоѓале двајцата народни херои.