Градоначалникот Илија Јованоски, синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ присуствуваше на 57-мата по ред државна изложба „Денови на Македонска фотографија 2019“. Изложбата на која беа претставени 122 фотографии од страна на реномирани македонски фотографи е во организација на Фото сојуз на Македонија и Фото кино клубот Прилеп.
„Благодарение на мошне успешениот ангажман и покажани успеси Фото Кино Клубот од Прилеп, ја доби можноста да биде домаќин на годинешнава 57-ма по ред државната изложба “Денови на македонска фотографија„. Со ова полека, но сигурно покажуваме дека Прилеп прераснува во значајна и незаобиколна дестинација за креативните индустрии, особено кога аудио – визуелните уметности се во прашање. Несомнено во оваа група на македонски фотографи лежи иднината на оваа мошне значајна уметност “, истакна градоначалникот Илија Јованоски.
На изложбата се доделија награди на најдобрите, а почетокот на ова викенд фотогравско дружење започна со проекции на фотографии на неколку македонски автори во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“.
Во насока на поголема афирмација на Општина Прилеп, Фото кино клубот за денес има организирано фото сафари низ Прилеп и населеното место Штавица на кое ќе присуствуваат голем број истакнати македонски фотографи.