Врз основ на член 14 од Правилникот за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп бр. 09-2844/5 од 23.08.2023 година и Јавниот повик за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп бр.03-2525/1 од 16.09.2024 година како и врз доставената ранг-листа на апликанти кои ги исполниле условите за добивање на стипендии бр.09-2525/3 од 24.09.2024 година од страна на Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата, Градоначалникот на Општина Прилеп ја донесе следната:
ОДЛУКА
за доделување на стипендии на студенти на Економски факултет Прилеп, жители на Општина Прилеп за една академска година
член 1
Врз основ на доставената ранг-листа на апликанти кои ги исполниле условите за добивање на стипендии бр.03-2525/1 од 16.09.2024 година од страна на Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата, студент кој добива стипендија на Економски факултет за една академска година е:
-Михаил Коцески
Член 2
Градоначалникот на Општина Прилеп ќе склучи посебен Договор со студентот за користење стипендија, во кој подетелано ќе се уредат начинот и условите на користење на стипендијата.
Член 3
Оваа одлука за доделување на стипендии на студенти на Економски факултет Прилеп, влегува во сила веднаш а истата ќе се објави на веб-страната на Општина Прилеп.
Градоначалник на Општина Прилеп Борче Јовчески
Одлука за стипендисти на Економски Факултет