Градоначалник на општина Прилеп согласно член 99 став 1, член 107 став 13 и член 122 став 4 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), ја издава следната:
О Б Ј А В А
за нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола бр.10-2595/1 од 14.10.2021 година.
Подносител на барањето:
ДПТУ „СЕРТА КОМПАНИ Ристо“ ДОО експорт импорт Скопје/Подружница КЛАНИЦА, КОЖАРА и други придружни објекти, с.Мажучиште, Прилеп
Адреса: ул. „Бетовенова“ бр.10, Скопје
Категорија на инсталација:
Прилог 2, Точка 6 Други дејности подточка 6.3 Постројки за штавење сурова кожа и кожа, со капацитет на обработка поголем од 0,5 т/ден, а помал од 12 т/ден готов производ и 6.3а. Кланици со капацитет на производство на трупови поголем од 5т/ден но помал од 50 т/ден.
Нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на:
Општина Прилеп
Ул.Прилепски бранители бр.1
Секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот
Секторот за Урбанизам, Комунални работи и заштита на животна средина
Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk на општина Прилеп.
Сите засегнати правни и физички лица во рок од 30 дена од денот на објавувањето на нацрт Б-Интегрираната еколошка дозвола имаат право да достават мислења и коментари во писмена форма до општина Прилеп, ул. Прилепски бранители бб, 7500 Прилеп, Секторот за Урбанизам, Комунални работи и заштита на животна средина.
Општина Прилеп
Градоначалник Борче Јовчески