ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПРИЛЕП
Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20) и донесената ПРОГРАМА за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година со Одлука број 09-157/32 од 17.01.2022 година обајвена во Службен гласник на Општина Прилеп бр.01/22 донесена од страна на Советот на Општина Прилеп , Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното
СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СТОЛБНА ТРАФОСТАНИЦА БСТС 10.5(21)/0,4KV СО ПРИКЛУЧЕН 10(20)KV КАБЕЛСКИ ВОД, НА КП 235/2-дел И КП 396/8-дел, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП
член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организра Јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СТОЛБНА ТРАФОСТАНИЦА БСТС 10.5(21)/0,4KV СО ПРИКЛУЧЕН 10(20)KV КАБЕЛСКИ ВОД, НА КП 235/2-дел И КП 396/8-дел, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП, со ТЕХНИЧКИ БРОЈ: 89/21 од НОЕМВРИ, 2021 изработен од Друштво за градежништво, трговија и проектирање ПЕРКАН ПРОЕКТ ДООЕЛ Прилеп.
член 2
Проектниот опфат на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СТОЛБНА ТРАФОСТАНИЦА БСТС 10.5(21)/0,4KV СО ПРИКЛУЧЕН 10(20)KV КАБЕЛСКИ ВОД, НА КП 235/2-дел И КП 396/8-дел, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СТОЛБНА ТРАФОСТАНИЦА БСТС 10.5(21)/0,4KV СО ПРИКЛУЧЕН 10(20)KV КАБЕЛСКИ ВОД, НА КП 235/2 И КП 396/8, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП со бр. Y11121 и Решение за Условите за планирање на просторот издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање со Арх. Бр. УП1-15 1351/2021 од 16.09.2021год.
Проектниот опфат за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СТОЛБНА ТРАФОСТАНИЦА БСТС 10.5(21)/0,4KV СО ПРИКЛУЧЕН 10(20)KV КАБЕЛСКИ ВОД, НА КП 235/2-дел И КП 396/8-дел, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП
СЕВЕР – ја следи границата на КП 369/8, КО Ново Лагово по должината на кабелскиот вод и по границата на заштитниот појас на столбната трафостаница на КП 235/2, КО Ново Лагово;
ИСТОК – ја следи границата на заштитниот појас на планираниот кабелски вод на КП 369/8, КО Ново Лагово и границата на заштитниот појас на столбната трафостаница на КП 235/2, КО Ново Лагово;
ЈУГ – зафаќа дел од КП 369/8, КО Ново Лагово, т.е. ја следи границата на заштитниот појас
на планираниот кабелски вод;
ЗАПАД – го опфаќа постојниот 10KV столб со координати Y=7544290.58, X=4573816.18,
лоциран на КП 369/8, КО Ново Лагово.
Вака дефиниран проектниот опфат зафаќа површина од 347.87m2 – 0,035ha.
Должината на проектниот опфат изнесува 162m.
Проектниот опфат зафаќа дел од КП 235/2 и дел од КП 396/8, КО Ново Лагово, Општина
Прилеп.:
Предметниот проектен опфат на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СТОЛБНА ТРАФОСТАНИЦА БСТС 10.5(21)/0,4KV СО ПРИКЛУЧЕН 10(20)KV КАБЕЛСКИ ВОД, НА КП 235/2-дел И КП 396/8-дел, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП со дел од својата површина навлегува во претходно донесен Урбаниситчки план вон населено место и одобрена Локална урбанистичка планска документација.
За површината на проектниот опфат кој зафаќа дел од КП 235/2 (23.42m² – 0.0023ha), КО Ново Лагово каде ќе биде планирана столбната трансформаторска станица претходно изработена е ЛУПД ЗА ИЗГРАДБА НА ПОГОН ЗА МЕТАЛНИ ПРОИЗВОДИ И ЗЕМЈОДЕЛСКИ МАШИНИ, НА КП 235/2, М.В.„ДУЈ ГАС“, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП, со Решение бр. 03-225/3 од 15.07.2013год., за која се издадени Услови за планирање на просторот со тех. Бр. Y22710 со Решение од Министерство за животна средина и просторно планирање со бр.156883/4 од 26.10.2010год.
За површината на проектниот опфат кој зафаќа дел од КП 369/8 (100.88m² – 0.01ha), КО Ново Лагово, каде се планира кабелски вод, претходно изработен е УПВНМ, ЗА ИЗГРАДБА НА Е2-КОМУНАЛНА СУПРАСТРУКТУРА, ГРАДБИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА, ТЕРМОЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛА НА БИОГАС И СООБРАЌАЈНО РЕГУЛИРАЊЕ НА КРСТОСНИЦАТА СО РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р1107, место викано ДУЈ ГАС, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП со Одлука бр. 09-168/9 од 22.01.2021год., за кој се издадени Услови за планирање на просторот со тех.бр. Y18519 од ноември 2019 со Решение од Министерство за животна средина и просторно планирање со бр. УП1-15 1795/2019 од 20.12.2019год.
За останата површина од проектниот опфат на дел од КП 369/8 (223,57m² – 0.022ha), КО Ново Лагово, издадени се Услови за планирање на просторот со бр. Y11121.
ЈАВЕН УВИД
На УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СТОЛБНА ТРАФОСТАНИЦА БСТС 10.5(21)/0,4KV СО ПРИКЛУЧЕН 10(20)KV КАБЕЛСКИ ВОД, НА КП 235/2-дел И КП 396/8-дел, КО НОВО ЛАГОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП, со ТЕХНИЧКИ БРОЈ: 89/21 од НОЕМВРИ, 2021 изработен од Друштво за градежништво, трговија и проектирање ПЕРКАН ПРОЕКТ ДООЕЛ Прилеп ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 04.04.2022 до 18.04.2022 година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 08.30 до 15.30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.
ГРАДОНАЧАЛНИК
На Општина Прилеп
Борче Јовчески