Во текот на попладневните часови на денешниот ден, се изврши дезинфекција на просториите во објектите на детските градинки при ЈОУДГ „Наша иднина“- Прилеп, а утре активностите за намалување на ширењето на вирусот Ковид-19, продолжуваат со дезинфекција на просториите во прилепските училишта.
Градоначалникот Илија Јованоски, алармира дека ситуацијата со коронавирусот во општината, исто како и во државата и светот, е крајно сериозна. Затоа, потребно е секој да покаже вистинска одговорност во битката со ова зло, кое го промени начинот на живот.
Редовно да носиме маска, да ја одржуваме дистанцата, да нема групирања, на тој начин ќе покажеме вистинска грижа за сите, за возрасните, ранливите, хронично болните, за нашите најблиски. Почитувајќи ги пропишаните мерки за заштита, да им помогнеме на здравствените работници – хероите на новото време, истакнува градоначалникот Јованоски.