Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на ЈЗУ „Здравствен дом“

Во присуство на Министерот за здравство Никола Тодоров, директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ д-р Петар Ристески, Претседателот на Совет Никола Димески и градоначалникот Марјан Ристески беа презентирани повеќе проекти поврзани со ЈЗУ „Здравствен дом“. Започната е реконструкцијата на фасада и дограма, проект финансиран од Здравствениот дом и Министерството за здравство во вредност од 8. 100 000 денари, поставување на лифт во зградата на здравствениот дом, реновирање на скалите, ходниците и холовите, набавени се 2 нови возила за домашна посета во вредност од 1.100 000 денари, набавен е нов ЕКГ апарат во одделението за Медицина на трудот како и направена е набавка на нови униформи за персоналот согласно протоколот за хоспитална култура. Според Министерот Тодоров - Министерството за здравство и понатаму ќе продолжи со инвестиции во здравството, обновувањето на старите капацитети со нова и во современа медицинска опрема. Градоначалникот Ристески посочи дека со реновирањето на зградата и дограмата на Здравствениот дом по  долги години, градот Прилеп ќе  добие нов репрезентативен објект. Локалната самоуправа и понатаму максимално ќе го поддржува Здравствениот дом за подобрување на услугите, а со тоа пациентите што ја посетуваат здравствената установа ќе добиваат медицинска услуга на највисоко ниво.

Последни Новости