Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Јавен повик за субвенционирано вработување на млади лица до 29 години

Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2014 година и Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 12.02.2014 година, го објави огласот за субвенционирано вработување на млади лица до 29 години, кој е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година. 
Со огласот ќе бидат опфатени дипломираните млади лица до 29 години кои завршиле високо образование во студиската 2012/2013 година. За реализација на оваа владина мерка ќе бидат одвоени еден милион и 170 илјади денари од Буџетот на Република Македонија. 

Субвенционирањето ќе биде по моделот 3+6, кој предвидува три месеци субвенционирано вработување со полно работно време и шест месеци обврска на работодавачот да го задржи лицето на работа или на негово место да вработи друго невработено лице. Овие лица ќе примаат месечна бруто плата од 13 илјади денари. За младите до 29 години објавена е мерка практикантство која се однесува на три месеци практична работа во фирма за што АВРМ покрива износ од 6.200 денари месечно. Исто така за лица со минимум 21 година кои минимум две години имаат положено Ц категорија, може да аплицираат за бесплатна обука на Д категорија. За таа цел се повикуваат сите работодавачи да аплицираат и да искажат потреба од вработување на целни групи кои се наведени во мерките на АВРМ.