|
Јапонска фирма во посета на Општина Прилеп |
|
17.05.2012. |
Во
еднодневна посета на општина Прилеп пристигнаа претставници од јапонската фирма Yamada Bee Farm Corporation која се занимава со производство и увоз на мед. Делегацијата
оствари средба со градоначалникот Ристески и претставниците од општината, а беше
запозната и со сегашните и идни проекти кои ќе бидат реализирани во текот
на оваа година. Претстадателот на компанијата со своите најблиски соработници имаа можност да
ги пробаат прекрасните вкусови на пелагонискиот мед. На средбата стана збор и за
понатамошна плодната
соработка што го
опфаќа пелагонискиот дел во сферата
на производство и увоз на мед.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Одделението за администрирање на приходи воведува нов систем на електронски услуги |
|
17.05.2012. |
Прилепското
одделение за администрирање приходи е прво во Македонија кое ќе ја воведе новата
електронска услуга за даночните обврзници. Апликацијата за неколку дена ќе биде
наменета за новата генерација правни и физички лица - даночни обврзници кои преку
електронски пат ќе можат да имаат увид во својата финансиска картица. Одделението за администрирање
на приходи воведува нов софистициран начин за брза, ефикасна комуникација и увид
во финансиската картица на сите даночни обврзници во Прилеп кои ќе можат по електронски
пат да ги подмируваат обврските за имот и сите локални такси и даноци. Комплетната
база на податоци и новиот софтвер ќе може да стартува за неколку дена, по што корисниците
ќе ги добијат лозинките на електронска пошта.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Нов лик за куќата на Бектешовци |
|
17.05.2012. |
Ќе
се конзервира еден од симболите на амбиенталната архитектура во Прилеп, куќата
на Бектешовци. Истата е репрезент на градското живеење во Прилеп
како доказ на прилепските чорбаџии од почетокот на минатиот век. Изградена е
1923 година и, не припаѓа на ниту еден
архитектонски стил бидејќи Бектешовци сакајќи да ја донесат Европската
архитектура и култура во Прилеп во истата примениле повеќе стилови на градба за
да го покажат богатството но и да ја исполнат сопствената желба за нејзиниот
изглед. За нејзината конзервација Министерството за култура издвои 3 000
000,00 денари.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Благодарници за успешната организација на Гимназијада - Прилеп 2012 |
|
16.05.2012. |
Организациониот oдбор на „Гимназијадата“ што се одржа во Прилеп од 10 до 12 мај, им
додели благодарници на сите кои директно или индиректно беа вклучени во
организацијата на „Гимназијада“ - Прилеп 2012. Со благодарници се
здобија директорите и професорите по физичко воспитување од основните и
средните училишта, судиските и медицинските екипи , единицата на ТППЕ и ПС. Ова беше една од најдобро организираните Гимназијади во
Македонија, истакна пред присутните Градоначалникот на општината Марјан
Ристески. Прилеп се покажа како добар организатор, целта е постигната, децата
се дружеа, натпреваруваа но и го запознаваа Прилеп.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Градоначалникот Ристески во посета на Гимназијата |
|
16.05.2012. |
Градоначалникот Марјан Ристески ја посети Гимназијата
„Мирче Ацев“ каде имаше можност да го посети опремениот кабинет по физика. Со
цел да се подигне нивото на воспитно – образовниот процес за потребите на
учениците и професорите за изведување на наставата по физика набавени се
нагледни средства кои ќе им бидат од помош најнапред на средношколците. Исто
така градоначалникот Ристески за време на посетата разговараше со
средношколците за завршетокот на учебната година.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Регионален натпревар по физика во Прилеп |
|
14.05.2012. |
Во гимназијата „Мирче Ацев", во организација на Друштвото на
физичари на Република Македонија викендов се одржа педесет и петтиот регионален натпревар по физика. На натпреварот учествуваат 73 ученици од средните училишта од повеќе градови од Македонија: Скопје, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Кавадраци, Битола, Струга... Системот не предвидува колку од учениците
ќе бидат најдобри, може поголема бројка од учениците да освојат значителни бодови,
со кои понатаму ќе може да обезбедат учество на државен натпревар, а најуспешните пак да продолжат на балкански и меѓународни
олимпијади посочи директорот на гимназијата
Г- дин Кире Николоски.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Врачени решенија за легализација |
|
14.05.2012. |
Доделени осумдесет нови решенија за
легализација на дивоизградените објекти. Во присуство на градоначалникот
Ристески, во библиотеката на граѓани од Прилеп им беа врачени решенија за
легализација на дивоградби, со кои граѓаните ќе можат да ги легализираат
бесправно изградените објекти - куќи, гаражи, магацини. Тие изјавија дека
долго време го чекале овој потег. Прилепчани поднесоа 15367 барања
за легализирање на диво изградените објекти во општинава, во оптималниот,
краен рок 3-ти септември, кој беше предвиден за поднесување барање за
легализација на диво изградениот објект.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
„Гимназијада – Прилеп 2012“ |
|
11.05.2012. |
Во присуство на голем
број ученици, сограѓани и поддржувачи на спортот и спортските активности синоќа
во Прилеп градоначалникот Марјан Ристески официјално ги прогласи за отворени Државните спортски игри за средни учичлишта „Гимназијада –
Прилеп 2012“. Осмата по ред „Гимназијада“ ќе трае до 12 мај
2012 година, а како покровители на истата се министерот за
образование и наука м-р Панче Кралев заедно со Агенцијата за млади и спорт и
градоначалникот и Советот на општина Прилеп. Освен
што се јавува како покровител, Министерството оваа година ќе обезбеди спортска
опрема за спортовите застапени на Гимназијадата.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Државните награди повод за средба со градоначалникот Ристески |
|
11.05.2012. |
Градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески денес
оствари средба со наргадените ученици на државни и меѓународни натпревари од ОМУ
„Ордан Михајлоски – Оцка“ и средношколците со најдобри резултати постигнати на
државните натпревари од Гимназијата „Мирче Ацев“. На средбата градоначалникот
Ристески им посака на учениците уште многу успеси во полето на образованието,
порачувајќи притоа дека секој постигнат резултат е добра промоција на
училиштата во кои се едуцираат а воедно и на општина Прилеп.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Пуштен Царинскиот терминал во Прилеп |
|
10.05.2012. |
Во присуство на
голем број граѓани градоначалникот Марјан Ристески, заменикот на претседателот
на Владата на Р.М. и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на
Царинската управа на Р.М. Ванчо Каргов го пуштија во употреба царинскиот
терминал во нашиот град. Со реализацијата на овој капитален зафат значително ќе
се подобрат условите за стопанисување со
што ќе се намалат трошоците и ќе се добие во време што е од значаен интерес за
прилепските компании. За таа цел уреден е просторот за паркирање на товарни
возила на површина од 5.000 метри квадратни, отворена е рампа за царински
преглед, нови простории за шпедицијата и изградена е нова хала каде ќе се врши
детален преглед на пристигнатата стока.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 15 од 635 |